ПАД ОД 46,6% НА ПРОМЕТОТ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА Дали се намалува ликвидноста на пазарот на капитал?

Најголем раст на вредноста меѓу водечките акции забележа Универзална инвестициона банка со пораст од 3,22%. Од друга страна, најголем пад регистрираше Макпетрол, чии акции ослабеа за 1,65%.

59

Тргувањето на Македонската берза во третата недела од јуни забележа значително забавување. Оваа недела вкупниот промет се намали за 46,6% во споредба со претходната седмица и достигна 42,5 милиони денари.

Акциите на Комерцијална банка и оваа недела  останаа најтргувани со промет од 20,1 милиони денари. Следуваат Алкалоид со 11,2 милиони денари и Македонски Телеком со 2,4 милиони денари промет.






Во однос на претходната недела, бројот на трансакции е намален за 134, а обемот на истргувани хартии од вредност е помал за повеќе од 25.000.

Најголем раст на вредноста меѓу водечките акции забележа Универзална инвестициона банка со пораст од 3,22%. Од друга страна, најголем пад регистрираше Макпетрол, чии акции ослабеа за 1,65%.

Во анализираниот период беа реализирани и пет блок-трансакции, меѓу кои најголемо внимание привлече тргувањето со акциите на Авто гума Скопје и Комерцијална банка.

Берзанските показатели упатуваат на повнимателен пристап кај инвеститорите и намалена ликвидност на домашниот пазар на капитал.

Поврзани содржини