ОХРИЃАНЕЦ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ 10-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУГА Детето е тешко повредено

Со возилото управивал 60-годишиот М.Б. од Охрид, а повреденото дете е пренесено во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

69

Охриѓанец во саботата со автомобил прегазил 10-годишно дете во Струга.

„На 20.6.2026 година во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата Маршал Тито во Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишиот М.Б. од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид“, соопшти полицијата.

 

 






Поврзани содржини