КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ТРИ ЖЕНИ ЗА НАСИЛСТВО Една го натепала сопругот, друга турнала малолетничка, трета ја нападнала сосетката

194

Три жени ќе одговараат за насилство и за семејно насилство што ги извршиле во три одделни случаи во изминатиот период.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.К.(40) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Телесна повреда, соопшти полицијата. Таа на 3.6.2026 година во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнала сопругот.






СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство.

„На 27.5.2026 година на автобуска постојка во Куманово, по претходна расправија. пријавената фрлила мобилен телефон на малолетничка и ја турнала, при што малолетничката се удрила од автобуската постојка“, соопшти полицијата.

МВР информира и дека на 20.6.2026 година во СВР Скопје е пријавено дека околу 10:30 часот во селото Побожје, општина Чучер Сандево, П.Ѓ.(32) од с. Побожје, по претходно нарушени меѓусебни односи, со тврд предмет ја нападнала Љ.Т.(68) од истото село. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини