МАКЕДОНСКИОТ РУБИН Е ЗАШТИТЕН, НА РЕД Е МЕРМЕРОТ Рубинот доби статус на заштитено национално минерално наследство

77

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен.

Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство.






– Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер – рече министерката на брифинг со новинарите.

Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

Поврзани содржини