„ЛЕТНА“ ПРВАТА ГЛАВА НА МУДИЈАЛОТ УШТЕ ВО ПРВО КОЛО Тунис го отпушти селекторот Ламуши по катастрофата со Шведска

Убедливиот пораз од Шведска со 5:1 беше доволен Фудбалската федерација на Тунис да му врачи отказ на Сабри Ламуши, кој стана првиот селектор сменет на тековното Светско првенство.

154

Само еден натпревар и еден тежок пораз беа доволни Фудбалската федерација на Тунис да донесе драстична одлука и да му врачи отказ на селекторот Сабри Ламуши за време на Светското првенство.

Туниската репрезентација ноќеска доживеа дебакл против Шведска, губејќи со убедливи 5:1, по што федерацијата експресно реагираше и ја прекина соработката со францускиот стратег.






Ламуши на клупата на Тунис се задржа само пет натпревари и стана првиот селектор кој доби отказ за време на тековниот Мундијал.

Високиот пораз од Шведска е еден од најтешките што Тунис ги претрпел на големите меѓународни натпреварувања, а раководството на федерацијата очигледно процени дека е потребна итна промена пред продолжението на шампионатот.

Според локалните медиуми, меѓу главните кандидати за наследник на Ламуши се поранешниот репрезентативец Вахби Казри и Мондер Кебаер, кој веќе беше селектор на Тунис за време на Светското првенство во 2022 година.

Тунис веќе на 20 јуни го очекува нов тежок предизвик против Јапонија, а останува да се види дали репрезентацијата ќе добие нов постојан селектор или федерацијата ќе назначи привремено решение до крајот на турнирот.

Поврзани содржини