ПОМАЛКУ КАЛОРИЧЕН ОД МЕСОТО, НО СО ИСТА КОЛИЧИНА ПРОТЕИНИ Наутот го намалува притисокот, ги штити срцето и коските, го регулира варењето…

Наутот е помалку калоричен, има речиси иста количина протеини како месото, не е штетен и не содржи опасни материи во својот состав, а има и многу повеќе железо.

66

Многу нутриционисти тврдат дека наутот е далеку подобар избор од месото. Наутот е помалку калоричен, има речиси иста количина протеини како месото, не е штетен и не содржи опасни материи во својот состав, а има и многу повеќе железо.

Ова е многу важна храна за вегетаријанците, па затоа се користи многу често. Рецептите со наут се бројни и се присутни во медитеранските земји, Северна Африка, Индија, Турција и многу други земји. Неговите здравствени придобивки се повеќекратни, па да почнеме со нив.






Една чаша наут ви обезбедува и 50% од дневната потреба на вашето тело за калиум, 2% за витамин А, 13% за витамин Ц, 69% за железо, 55% за витамин Б6 и 57% за магнезиум. Покрај тоа, наутот содржи и витамин К, фолат, фосфор, цинк, бакар, манган, холин и селен.

Наутот е еден од најдобрите извори на протеини, растителни влакна, витамин Б6, железо и магнезиум и е богат со есенцијални аминокиселини кои организмот не е во состојба сам да ги создаде.

Повеќе за лековитите својства на наутот прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини