📽️ ОГАН, ЧАД И ЕКСПЛОЗИИ, СТАНАРИТЕ БЕГАА ВО ПИЖАМИ Паника и евакуација по пожар во зграда во Кисела вода

Станарите сведочат за густ чад, силни звуци слични на експлозии и панична евакуација, додека МВР и надлежните служби го истражуваат случајот.

0

Драма и паника утрово во скопската населба Кисела Вода по пожар што избувнал во нова станбена зграда на „Трим и Лум“, при што станарите биле евакуирани во услови на густ чад и силни детонации, јавува МКД.мк, повикувајќи се на сведоштва од жителите на објектот.

Според информациите објавени од порталот МКД.мк, пожарот избувнал околу 05:00 часот наутро, кога се запалила електрична инсталација за која станарите тврдат дека е поврзана со ЕВН и дека претходно на неа се изведувале интервенции.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Жителите опишуваат дека за неколку минути влезот бил исполнет со густ чад, а биле разбудени од полицијата и силни звуци кои личеле на експлозии.

– Беше како сцена од хорор филм. Се слушаа удари како бомби. Луѓето панично излегуваа од становите, не знаејќи што се случува – изјавиле вознемирени станари за МКД.мк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Во паниката, семејства со мали деца излегувале од зградата боси и во пижами, без да земат лични работи, додека чадот брзо се ширел низ објектот. Станарите наведуваат дека детонациите се слушале и на повисоките катови, предизвикувајќи дополнителен страв.

Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 05:45 часот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

„Денеска (12.06.2026) околу 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Борис Трајковски настанал пожар во орман на ЕВН, при што изгореле кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Зградата во моментов е без електрична енергија, а станарите стравуваат дека санацијата и враќањето во нормала ќе трае со недели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Посебна загриженост предизвикува фактот што во објектот има игротека, каде секојдневно престојуваат деца, поради што станарите велат дека последиците можеле да бидат многу посериозни доколку пожарот избувнел во текот на денот.

Жителите бараат итна истрага и целосно утврдување на причините и одговорноста за настанот, оценувајќи дека преживеале „вистински хорор“.

Надлежните служби најавуваат дополнителни информации по завршување на увидот.

Поврзани содржини