🎥 ЕДИ РАМА, МАЈСТОР ЗА ДРАМА, СЕ ОБЈАВИ КАКО ФЛАМИНГО ДЕВОЈКА? Иранците му порачаа – Не, фламингата не се наши тајни агенти!

„Кој и да го направил ова, секоја му чест“ – напиша Рама под објавата на видеото, на кое е прикажан во кожно здолниште, штикли и розов градник, додавајќи емотикон кој плаче од смеење.

490

Додека демонстрантите продолжуваат да протестираат против мегапроектот поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, албанскиот премиер Еди Рама се надмина во своите ексцентрични испади.

Откако го впери прстот кон Иран, како инспиратор на протестите, а екоактивистите ги обвини дека „до вчера јаделе фламинга, а денес ги бранат со протести“, Рама денеска на социјалните медиуми сподели неколку од своите „омилени“ транспаренти од протестот, насочени токму против него.






Меѓу неговите објави се најде и бизарно видео генерирано од вештачка интелигенција на кое е прикажан тој како травестит – облечен во кожно здолниште, со високи потпетици и розов градник, како танцува и известува од протестите.

„Кој и да го направил ова, секоја му чест“ – напиша Рама под објавата, заедно со емотикон кој плаче од смеење.

Во меѓувреме, Иран ги отфрли тврдењата на Рама дека оваа земја стои зад дезинформациските кампањи околу протестите во Албанија, кои влегуваат во деветтиот ден. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги нарече обвинувањата на албанскиот премиер целосна бесмислица.

„Наместо да одговорат на легитимните и логични барања на сопствениот народ, албанските власти претпочитаат да се обидат да го затворат прашањето со такви смешни обвинувања против Иран. Албанците се премногу паметни за да веруваат во такви тврдења“, рече Багаеи.

Потоа шеговито се осврна на името на протестот.

„Веројатно наскоро ќе кажат дека овие фламенко танчери се всушност ирански тајни агенти“, напиша Багаеи, додавајќи дека Рама веројатно се обидува да освои поени кај Израел со такви обвинувања.

Коментарите на Рама доаѓаат во време кога активистите и еколошките групи продолжуваат да протестираат против плановите поврзани со „Афинити партнерс“, инвестициската фирма основана од Џаред Кушнер, околу планираниот луксузен ресорт покрај албанскиот брег.

Албанските граѓани протестираат низ целата земја, како и во САД, Канада, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Грција против предложената инвестиција во недвижнини, вредна 1,4 милијарди долари. Од ден во ден се зголемува бројот на демонстранти, кои учествуваат во она што веќе се нарекува „Фламинго Револуција“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Поврзани содржини