🎥 ЕКСПЛОЗИЈАТА НА РАКЕТАТА НА БЕЗОС ГО УНИШТИ КОСМОДРОМОТ НА ФЛОРИДА Поправките на Кејп Канаверал ќе траат најмалку 6 месеци
Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа. Експлозијата беше страотно силна, слична на детонација на нуклеарна бомба.
Поправките на лансирната рампа во вселенскиот комплекс Кејп Канаверал што беше оштетена минатата седмица при експлозија на ракетата „Њу Глен“ ќе потраат, а не е исклучено работите да се пролонгираат и до 2028 година, изјави директорот на НАСА, Џеред Исакман.
Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа.
Според извори од индустријата, лансирната рампа во експлозијата била речиси целосно уништена, а првичните проценки предвидуваа најмалку шест месеци за поправка.
Ракетната проба е дел од проектот на приватната вселенска компанија „Блу Ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, како обид да се конкурира на програмата „Спејс Икс“ на Елон Маск во областа на комерцијални лансирања во орбитата.
Во несреќата нема повредени лица, а ниту еден од планираните сателити не бил поставен на ракетата-носач во моментот на инцидентот. Ракетата „Њу Глен“ треба да има клучна улога во идните мисии во рамки на програмата „Артемис“.
Експлозијата на ракетата се случи еден ден откако администраторот на американската вселенска агенција НАСА, Џаред Исакман, ја пофали компанијата „Блу ориџин“ за нејзината значајна улога во програмата „Артемис“, која има за цел да ги врати американските астронаути на површината на Месечината во 2028 година.
Исакман, исто така, во средата изјави дека НАСА ѝ доделила на компанијата договор од 188 милиони долари за помош во изградбата на база на Месечината.
По експлозијата на ракетата, Исакман изјави за Икс дека НАСА е свесна за инцидентот и дека ќе објави информации за можното влијание врз програмите за Артемис и базите на Месечината штом ќе станат достапни.