ЖАЛАМ КОГА ПОЛИТИЧКИ АНАЛФАБЕТИ КОМЕНТИРААТ ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Рокот за реформите не е 1 јуни, туку 30 јуни
Ние сме, заклучно со декемврискиот извештај, вистински фронтранери ри во испорака на реформите, на второ место е Албанија, на трето е Црна Гора во регионот на Западен Балкан и ние користиме најголем дел од средствата како резултат на завршените реформи и испорачаните чекори, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда, рече премиерот Христијан Мицкоски и изрази жалење што опозицијата вели дека рокот за реформмите истекол.
– За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи рокот не е 1 јуни рокот, туку 30 јуни. Тоа е елементарно непознавање, но тоа е што е. Ние сме, заклучно со декемврискиот извештај, вистински фронтранери. На второ место е Албанија, на трето е Црна Гора во регионот на Западен Балкан и ние користиме најголем дел од средствата како резултат на завршените реформи и испорачаните чекори – изјави Мицкоски по отворањето на МЕФ Форум 2026.
Тој истакна дека од она што денеска разговарал со колегите на состанокот за Реформската агенда е оптимист дека и оние реформи што се во грејс период, но и од оние чијшто рок за испорака завршува на крајот на јуни, најмалку 90 проценти ќе бидат ќе бидат испорачани.
– Во четврток имаме повторно координација со Брисел со господинот Герт Јан Копман. Очекувам местото на вистински фронтранери во испорака на реформите да го задржиме и во јунскиот извештај, така што во таа смисла на испорака ние се движиме најдобро од сите земји во регионот – нагласи Мицкоски.
Во врска со очекувањата од утрешната средба со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, рече дека пораките се јасни и аргументирани.
– Во зависност од темите моите пораки се јасни и аргументирани. Ние сме подготвени да разговараме со секого на која било тема. Ние сме подготвени да бараме решенија и тука не треба никој да има дилема, но тие решенија мора да бидат достоинствени и тие решенија мора да опфатат заштита на македонскиот национален идентитет. Но, истовремено решенија кои што ќе значат почеток и крај на процесот, а не само почеток на процесот. Тоа не е доволно – рече премиерот.
На новинарско прашање дали има одговор од бугарскиот премиер Румен Радев за поканата за средба, рече дека засега нема одговор.