ТОМ ХЕНКС СЕ ВРАЌА НА ФИЛМ Холивудската легенда ќе биде гласот на Вуди во популарната анимирана серија

Том Хенкс се враќа на филмската сцена и ќе биде гласот на Вуди од анимираната серија „Приказна за играчките 5“ (Toy story 5).

1

Tом Хенкс има толку многу незаборавни филмски улоги што обожавателите често не можат да одолеат, а да не му довикнат некоја од неговите славни реплики. Актерот вели дека никогаш не знае која од нив ќе ја слушне, но му е драго што многу од нив oстанале во сеќавањето на луѓето.

Двократниот добитник на Оскар ги наброја и репликите што најчесто ги слуша кога се движи меѓу луѓето: „Трчај!“, „Би сакал да бидам голем“, „Вилсон!“, „Подгответе се за удар“, „Хјустон, имаме проблем“ – рече 69-годишниот Хенкс, алудирајќи на култните реплики од филмовите „Форест Гамп“, „Биг“, „Каст Авеј“, „Сали“ и „Аполо 13“.






Хенкс зборуваше и за една тема што со години ги интригира неговите обожаватели, т.е дали некогаш ќе напише автобиографија. Славната холивудска ѕвезда одговори дека такво нешто засега не доаѓа предвид.

– Причината е едноставна. Имам премногу членови на семејството кои буквално би ми се појавиле пред вратата со примероци од книгата во рацете, со подвлечени пасуси и со забелешки дека некој настан сум го опишал погрешно. Не сакам да се доведам во таква ситуација, изјавил актерот пред премиерата на претставата „Автобиографија на славните“ (Celebrity Autobiography).

Хенкс најави уште едно големо враќање на филмската сцена, со толкување на гласот на  омилениот лик Вуди, во новото продолжение од анимираната серија „Приказна за играчките 5“.

Премиерата е закажана за 19 јуни. 

Поврзани содржини