БАРАЛ ОРАЛНО ДА ГО ЗАДОВОЛУВА И ГО ПРИНУДИЛ ДА СЕ ДРОГИРА Кумановец заврши во притвор поради киднапирање и малтретирање на сограѓанин

Кумановската полиција приведе 35-годишен маж, кај кого биле пронајдени дрога и предмети поврзани со случајот, истрагата е во тек.

35

Кумановската полиција го приведе 35-годишниот Д.П. од Куманово, кој се сомничи дека во изминатиот период држел сограѓанин против негова волја во својот дом го принудувал орално да го задоволува и го малтретирал.

Според информациите од СВР Куманово, случајот се случувал од 29 до 31 мај, кога осомничениот, според пријавата, со употреба на сила го држел 36-годишниот познаник во објект во Куманово. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога.






При полициската интервенција бил извршен претрес, при што кај осомничениот биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со траги од бела прашкаста материја, како и други предмети за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Полицијата продолжува со истрагата за целосно утврдување на околностите

Поврзани содржини