„БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК“ ФИЛИПЧЕ ДА ПРЕНЕСЕ ДЕКА ГИ ОЧЕКУВАМЕ ПРЕСУДИТЕ ОД СТРАЗБУР Нема уставни измени без силни писмени гаранции од Брисел

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема да има нови отстапки во евроинтегративниот процес без јасни гаранции од Европската Унија. Од партијата бараат најпрво да се спроведат пресудите од Стразбур, а потоа да се разговара за следните чекори.

6

Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, нека му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека додека не видиме испорака на пресудите од Стразбур, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика.

Вака на прес-конференција денеска изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.






Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и нагласи дека актуелната Влада нема да дозволи нови отстапки без конкретни гаранции за напредок во евроинтегративнионапрест процес.

– Овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има – истакна Манасиевски.

Според него, Македонија и граѓаните немаат право повторно да бидат разочарани од процесот на европска интеграција.

– Нема повторно да се прават отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека тие отстапки навистина ќе значат напредок во евроинтегративниот процес.

Поврзани содржини