УКРАИНСКИ ДРОН НАПРАВИЛ ДУПКА ВО ПРОСТОРИЈА ВО НУКЛЕАРНАТА ЕЛЕКТРАНА ЗАПОРОЖЈЕ Според Росатом, инцидентот е намерен
Ние сме еден чекор поблиску до инцидент што веројатно ќе има влијание врз оние што живеат далеку надвор од границите на Русија и на Украина, а сепак мислат дека се целосно безбедни, вели шефот на Росатом, Алексеј Лихачев.
Руската државна нуклеарна корпорација Росатом објави дека украински дрон ја погодил електраната во Запорожје, но дека нема штета на клучната инфраструктура.
– Попладнево, украински камиказа борбен дрон го погоди ѕидот на машинската просторија на енергетската единица број шест, предизвикувајќи пост-детонација. Експлозијата не предизвика оштетување на клучната опрема, но направи дупка во ѕидот на машинската просторија – рече шефот на Росатом, Алексеј Лихачев.
Лихачев го нарече овој инцидент „намерен“.
Русија ја зазеде нуклеарната централа во Запорожје во март 2022 година и оттогаш таа беше нападната неколку пати за време на војната, поради што постои постојан страв од нуклеарна несреќа во овој објект.
– Ние сме еден чекор поблиску до инцидент што веројатно ќе има влијание врз оние што живеат далеку надвор од границите на Русија и на Украина, а сепак мислат дека се целосно безбедни – рече Лихачев.