📽️ ОВАЦИИ И ЗА ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ НА „КОШЕВО“ Со громогласен аплауз поздравен фудбалерот на Сараево
Агон Елези, кој настапува за Сараево, доби бурни овации од публиката на „Кошево“ пред пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија.
На стадионот „Кошево“ во Сараево вечерва се случи необична сцена пред пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, публиката не аплаудираше само на домашните фудбалери, туку со громогласни овации поздрави и еден македонски репрезентативец.
Станува збор за Агон Елези, кој доби силен аплауз од трибините уште за време на загревањето, во моментите кога стадионот почна да се полни пред почетокот на натпреварот.
Причината за ваквиот прием е неговиот статус во босанскиот фудбал. Елези настапува за Сараево и токму на „Кошево“ ја игра својата клупска сезона, каде се наметна како еден од клучните играчи на тимот и стана миленик на навивачите.
View this post on Instagram
Иако вечерва е на спротивната страна како репрезентативец на Македонија, домашната публика не го заборави неговиот придонес во клубот, па го поздрави со силни овации – сцена која ретко се гледа на фудбалските натпревари од ваков карактер.
Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Македонија е дел од подготовките на двете селекции пред новиот циклус натпревари.