200 МИЛИОНИ ОД МАФИЈАТА ОДАТ ВО БЕЗБЕДНОСТ Италија запленетите средства ќе ги инвестира во железничка заштита

Италијанската влада најави дека дел од запленетите над 200 милиони евра од мафијата ќе бидат пренасочени за зајакнување на безбедноста на железничкиот систем.

0

Италијанската влада најави дека дел од запленетите повеќе од 200 милиони евра, кои биле скриени средства на мафијата, ќе бидат пренаменети за зајакнување на безбедноста на железничкиот систем во земјата, со посебен фокус на станиците и заштитата на патниците.

Средствата беа откриени во голема меѓународна истрага на италијанските финансиски и судски власти, кои со години ја следеле мрежата на тајни инвестиции на мафијата во различни земји и сектори.






Според италијанските институции, парите биле скриени преку „даночни раеви“, но и инвестирани во банки, луксузни хотелски синџири, криптовалути и други бизниси низ Европа и пошироко.

Истрагата открила дека станува збор за капитал поврзан со еден од најпознатите водачи на сицилијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој со години, според истражителите, преку мрежа на посредници ги вложувал парите во легални бизниси.

Италијанскиот весник „Le Figaro“ и други европски медиуми пишуваат дека по две децении истраги, италијанската држава успеала да ја разоткрие една од најголемите финансиски шеми поврзани со мафијата.

Италијанската јавна телевизија „RAI“ јавува дека операцијата ја водел обвинителот во Палермо, Маурицио де Лучија, а во акцијата учествувале и надлежни институции од повеќе земји, меѓу кои Андора, Гибралтар, Кајманските Острови, Луксембург, Монако, Швајцарија и Шпанија.

Италијанските власти најавуваат дека запленетите средства ќе бидат насочени кон проекти за јавна безбедност, со цел да се зајакне заштитата на железничките станици и патниците во земјата.

Поврзани содржини