МАЛОЛЕТНИЧКА ТВРДИ ДЕКА БИЛА СИЛУВАНА ВО КОМБЕ Тетовската полиција приведе две лица

Полицијата во Тетово приведе две лица по пријава за сексуално насилство врз малолетничка. Случајот го пријавила бабата на девојчето, а известен е и јавен обвинител.

455

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години од тетовско, по пријава за сексуално насилство врз малолетничка.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 16:45 часот од 62-годишна жена, баба на девојчето. Според пријавата, 58-годишниот маж е осомничен за кривично дело „обљуба со злоупотреба на положба“ врз малолетничка.






Според информациите, настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната девојка се враќала од Тетово со комбе управувано од осомничениот. Во пријавата се наведува дека тој со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа.

По извесен период, малолетничката ѝ го раскажала случајот на својата 37-годишна мајка, која во тој период била во врска со осомничениот, но, според полицијата, таа не го пријавила настанот.

Двете лица се задржани во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи велат дека по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини