СЕНЗАЦИЈА ВО ПАРИЗ, СИНЕР ИСПАДНА ВО ВТОРО КОЛО Италијанецот загуби по предност од 2-0

Јаник Синер беше елиминиран од Хуан Мануел Черундоло во второто коло на Ролан Гарос, по драматичен петсетски меч во кој водеше со 2-0 во сетови.

149

Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, и оваа година остана без трофеј на Ролан Гарос – единствениот грен-слем што му недостасува во кариерата, откако денеска беше елиминиран во второто коло од Аргентинецот Хуан Мануел Черундоло.

Аргентинецот славеше по неверојатен пресврт со 3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1, во меч што целосно се промени по почетната доминација на Синер.






Италијанецот имаше водство од 2-0 во сетови и изгледаше дека лесно ќе го заврши мечот, а во третиот сет стигна и до предност од 5-1 во гемови. Но токму тогаш започна неговиот пад.

Черундоло направи серија од 15 последователни поени и стигна до 5-4 и 0-40 на сервис на Синер, по што Италијанецот побара медицински тајмаут. По краткото враќање на терен, Аргентинецот го комплетираше пресвртот и го доби третиот сет со 7-5.

Следуваше нова пауза од околу 10 минути, но ниту тоа не му помогна на Синер да се врати во ритам. Иако не се откажа од мечот, беше очигледно дека има физички проблеми, а Черундоло доминантно ги доби четвртиот и петтиот сет со 6-1, 6-1.

Синер на Ролан Гарос пристигна со серија од 29 победи по ред, која се зголеми на 30 по првото коло, а неговиот сезонски биланс беше 37-2.

Минатата година, Синер беше блиску до титулата во Париз, но загуби финале од Карлос Алкараз и покрај три меч-топки, во еден од најдраматичните натпревари во историјата на турнирот.

Поврзани содржини