СВЕТОТ Е ПРЕД НОВА ВОЈНА, ПРЕДУПРЕДУВА РУСИЈА Иран и САД под притисок да избегнат ескалација

Русија апелира до САД и Иран да избегнат нова ескалација, додека паралелно се интензивираат преговорите за иранската нуклеарна програма и рок од 60 дена за можен договор.

450

Русија денеска ги повика САД и Иран да не го обновуваат вооружениот конфликт, предупредувајќи дека секоја нова ескалација може да доведе до сериозна хуманитарна криза.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција изјави дека обновување на конфликтот меѓу двете земји би имало негативни последици за целиот свет, пренесуваат руските медиуми.






Таа потсети дека прашањето за иранскиот збогатен ураниум е една од клучните теми во актуелниот индиректен дијалог меѓу Вашингтон и Техеран.

Во меѓувреме, иранскиот претставник за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи, изјави дека Иран нема да се откаже од своите „црвени линии“, меѓу кои ги наведе правото на збогатување ураниум, контролата врз Ормускиот Теснец и укинување на санкциите.

Висок функционер на американската администрација за Си-Ен-Ен изјави дека нацрт-договорот предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор меѓу страните.

Според него, потенцијалниот договор треба да гарантира дека Иран нема да може да развие нуклеарно оружје, како и да го обврзе да се откаже од високо збогатениот ураниум.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека збогатениот ураниум што го поседува Иран мора да биде уништен, без разлика дали тоа ќе се случи во САД, во Иран или на друга прифатлива локација.

Поврзани содржини