ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ЕДЕН НАСТАВНИК НА 11,4 УЧЕНИЦИ!? Вишокот наставници ги јаде парите во образованието

Во Дебар, на пример, има 60 наставници повеќе од потребното со утврдените стандарди, и затоа нема да се даде трансформација на работен однос – рече министерката Јаневска, одговарајќи на прашање од пратеничката Пашоли.

172

Во период од околу 20 години бројот на ученици во Македонија се намалил за 28% додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46%. Како резултат на тоа националниот просек се намалил од 18 ученици на 11,4 ученици по наставник. Во споредба со препорачаниот просек од 15 ученици по наставник, ова довело до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти.

Оваа информација ја изнесе министерката за образование Весна Јаневска, одговорајќи во Собранието на пратеничко прашање од пратеничката од ДУИ, односно од коалицијата Европскиот фронт, Арбана Пашоли, која се интересираше за процесот на оптимизација во образованието, конкретно за училиштата во Дебар.






Финансиските последици се значајни затоа што во огромен број на општини, 90, а некаде и 100 проценти од блок дотациите се трошат само за плати на наставниците – рече Јаневска.

Таа потсети дека во минатото само за да се вработат наставници се делеле часови, што резултирало со намалени инвестиции во инфраструктура. Јаневска кажа дека во 147 подрачни училишта годинава нема запишано ученици и дека две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта во кои учат само 12 проценти од учениците, а во централните 88 отсто.

Јаневска рече дека во развиените западни земји има повеќе ученици во една паралелка. Во некои училишта во Македонија, за да не остане некој без работа, за 20 деца се прават повеќе паралелки. Во Дебар, на пример, има 60 наставници повеќе од потребното со утврдените стандарди, и затоа нема да се даде трансформација на работен однос.

Пратеничката Пашоли ја праша министерката дали Министерството за своите одлуки ја информирало општината, училиштата и синдикатите.

Министерката Јаневска рече дека образовните институции во Дебар треба да се информирани за процесот на оптимизација на образовните институции, која, како што нагласи, ќе придонесе да се придвижат работите во образованието. Таа рече дека оптимизацијата се спроведува заеднички со Светска Банка и со УНИЦЕФ и дека за вработувањата во самите училишта одлучуваат општините.

Според Јаневска, претходната Влада не работела ништо за намалување на иселувањето, заради што сега државата се соочува со иселување, но дека и покрај „тоа што некои се потсмеваат“ последниве две години во одредени училишта се зголемува бројот на ученици, бидејќи луѓето се враќаат во татковината.

Пратеничката од Европски фронт не беше задоволна од одговорот и изрази загриженост дека дел од наставниот кадар ќе остане без работа.

Поврзани содржини