МУ ЈА УКРАЛ КАРТИЦАТА НА ЏОНИ ДЕП И ТРОШЕЛ ПАРИ 2 ГОДИНИ Актерот не забележал дека некој му ја празни банкарската картичка

Според извештаите, холивудскиот актер не бил свесен за стотиците трансакции направени помеѓу јануари 2024 и декември 2025 година.

937

27-годишен Јорданец е уапсен во Будимпешта под сомнение дека ги украл податоците од банкарската картичка на Џони Деп и потрошил речиси половина милион фунти од неговата сметка. Она што е особено чудно е што 62-годишниот актер наводно не забележал дека неговите пари исчезнуваат повеќе од две години, сè додека банката не ги означила трансакциите како сомнителни, објавува Дејли Меил.

Унгарските истражители изјавија дека случајот е отворен претходно оваа година откако американска финансиска институција контактирала со унгарската филијала на ФБИ за нелегални подигнувања од сметката на еден од нејзините клиенти.






Наскоро било утврдено дека лицето за кое станува збор е Џони Деп, кој, според извештаите, не бил свесен за стотици трансакции направени помеѓу јануари 2024 и декември 2025 година.

Истражителите во моментов истражуваат вкупно 308 трансакции во вредност од повеќе од 536.534 фунти, или околу 619.500 евра.

Полицијата го пронајде осомничениот со следење на IP адреси, е-мејл адреси и унгарски телефонски број што се користел за онлајн купувања и резервации на сместување. Тој бил уапсен во стан што го изнајмил во Будимпешта, а објавена е и снимка од неговото приведување.

За време на претресот на станот, запленети се електронски уреди за кои се сомнева дека се користени во измамата. Полицијата, исто така, пронашла супстанции за кои се сомнева дека се наркотици, а започнала и дополнителна истрага за поседување дрога.

Според полициското соопштение, осомничениот ги негира обвиненијата, но судот му одредил притвор. Сè уште се утврдува како ги добил податоците за кредитната картичка на Деп. Не е исклучена можноста за кражба на податоци, истекување на информации или компромитирање за време на претходна онлајн трансакција.

Унгарската полиција потврди дека истрагата за наводната измама е во тек и дека не се исклучени понатамошни апсења.

Џони Деп е чест посетител на Будимпешта во последните години, каде што снимал неколку филмови, вклучувајќи го и „Моди“. Актерот е виден како снима во близина на Будимскиот замок, Унгарската државна опера и други познати локации во градот, што би можело да ја објасни унгарската поврзаност во овој случај.

Поврзани содржини