НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТОНОСНАТА НЕСРЕЌА НА ОБИКОЛНИЦА Камионот поминал Блаце без неправилности

Директорот на Царинската управа тврди дека возилото со кое се случи трагичната несреќа поминало редовна процедура на граничниот премин „Блаце“.

548

Товарното возило со косовски регистарски таблички, кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, влегло во земјава преку граничниот премин „Блаце“ без никакви царински неправилности и било празно, изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Тој во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма нагласи дека целата царинска постапка била спроведена согласно правилата и дека не се утврдени никакви отстапки при влезот на возилото.






– Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни за да помине на граничниот премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции – изјави Николовски.

Од надлежните институции се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата.

Поврзани содржини