📽️ ИЗБЕГНУВАЛ ПЕШАК И ЗАВРШИ НА ПОКРИВ Автомобил летна од патот во Штип и заврши во двор

Возачот наводно се обидел да избегне пешак, по што изгубил контрола и автомобилот се превртел надвор од коловозот.

130

Попладнево во Штип се случила сообраќајна несреќа кога автомобил со двајца патници излетал од улицата Панче Караѓозов и завршил превртен во двор од куќа покрај коловозот.

Според очевидци, возачот се обидел нагло да реагира за да избегне жена која во тој момент ја преминувала улицата. При маневарот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и се превртело на покрив.






Во возилото се наоѓале возач и сопатник, кои по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според информации од жители на улицата, двајцата се во стабилна здравствена состојба.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето дополнително ќе се утврдуваат.

Поврзани содржини