ЧАИР ДОБИ БАЗЕН ОД МИЛИОН ЕВРА Граѓаните го чекаа со години

93

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата.






– Ветување по ветување, ги реализираме. Секој проект што сме го ветиле влегува во фаза на реализација и овој спортски базен е конкретен доказ дека работата и посветеноста даваат резултати. Чаир заслужува инвестиции што остануваат и им служат на младите генерации – изјави Меџити.

Спортскиот базен ќе создаде подобри услови за развој на спортот, рекреацијата и спортските активности за учениците, младите и за граѓаните од оваа населба.

Поврзани содржини