ПЛАТЕТЕ ДОЛГ ЗА ВОДА БЕЗ КАМАТА Акцијата на Водовод трае до 5 јуни 2026 година
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги информира граѓаните на Скопје дека во тек е акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05.06.2026 година.
– Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата – велат од Водовод.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте ги на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300, Дирекција, како и на мејловите [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk.