📷 „СИНЕ МОЈ ПРЕКРАСЕН…“ Синот на Северина прими сакрамент на светата потврда, гордата мајка објави фотографии
Синот на Северина овој викенд направи важен чекор во животот и ја имаше својата кризма, односно потврдување на верата, а емотивната прослава ги собра семејството и најблиските пријатели.
Синот на регионалната музичка ѕвезда Северина, Александар, пристапи кон сакраментот на светата потврда (кризма), а гордата мајка ги одбележа овие посебни моменти во друштво на најблиските членови на семејството и пријателите.
По свечената церемонија во црквата, прославата продолжи во топла и елегантна атмосфера и членовите на семејството, пријателите и кумовите се собраа за заедно да прослават еден важен ден во животот на Александар.
– Кризменик, кума, мама… Семејството и пријателите ти посакуваат прекрасен, среќен и благословен живот, мој прекрасен сине… 16. 5. 2026. – напиша пејачката.
За посебната пригода, Александар избра светол беж костум и бели патики, додека Северина блескаше во елегантен темно сив фустан со класичен крој и впечатлив бел цветен детаљ. Фотографиите покажуваат како гордата мајка се грижи за секој детаљ од изгледот на својот син, но и колку емотивно го доживеала целиот настан.
Александар позираше и со своите пријатели пред црквата, а насмевките и опуштената атмосфера покажаа колку уживал во овој важен ден.
View this post on Instagram