🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА Се урнаа 13 згради има и жртви

Едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно од нив немало повреди опасни по живот.

125

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина. Тринаесет згради се урнаа, потврдени се два смртни случаја, а се евакуирани повеќе од 7.000 луѓе во градот Лиуџоу, објави  кинеската агенција Синхуа.






Едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно од нив немало повреди опасни по живот.

Кинеските медиуми објавија дека властите го активирале третото од четирите нивоа на итен одговор на земјотреси.

Железничките власти, исто така, предупредија за прекини во сообраќајот, додека ја проверуваа интегритетот на железничката инфраструктура. Комуникациските и електричните линии, снабдувањето со вода и гас и сообраќајот во погодената област функционираат нормално, објавија кинеските медиуми.

Поврзани содржини