73-ГОДИШНИК ПУКАЛ ВО БРАТА СИ ПОРАДИ ПАРКИНГ По расправија вперил пиштол кон помалиот брат и семејството на братот

594

Лишен од слобода 73-годишник од скопско село затоа што пукал кон својот брат, соопшти полицијата.

Како што наведе МВР, на 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(73) од Скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, пукал со пиштол кон неговиот 71-годишен брат и неговото семејство.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини