ХАВАНА ГО ПРЕДУПРЕДИ ВАШИНГТОН „Ќе го искористиме правото на самоодбрана“

Куба соопшти дека ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на американски напад, додека американски медиуми објавуваат дека Хавана наводно подготвува сценарија со борбени дронови. Новите обвинувања повторно ги вжештија односите меѓу двете земји.

2

Куба предупреди дека ќе одговори со самоодбрана ако биде нападната од Соединетите Американски Држави. Изјавата доаѓа по новите тврдења во американските медиуми дека Хавана подготвува сценарија за употреба на борбени дронови против американски цели.

Заменик-министерот за надворешни работи Карлос Фернандес де Косио оцени дека против Куба се води „антикубанска кампања“ со цел да се оправда евентуална воена акција.






„САД се агресорот. Куба е земјата што е под напад и постапува во согласност со принципот на самоодбрана“,  порача тој преку платформата Икс.

Дронови, Гвантанамо и Флорида

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека Куба наводно набавила повеќе од 300 борбени дронови и разгледувала сценарија за нивна употреба во случај на криза.

Според извештајот, меѓу потенцијалните цели се споменуваат американската база во Гвантанамо, воени бродови и можни цели на Флорида.

Американските разузнавачки служби, сепак, засега не веруваат дека Куба планира непосреден напад. Според нив, станува збор за подготовки во случај на евентуален конфликт.

Фото: Принтскрин

„Изговор за напад“

Кубанската амбасада во Вашингтон и Министерството за надворешни работи во Хавана соопштија дека подготовките за самоодбрана неоправдано се претставуваат како закана.

Според висок американски претставник цитиран од „Аксиос“, ваквите информации би можеле да послужат како потенцијален изговор за воена акција против Куба.

Во извештајот се споменува и присуство на ирански воени советници во Хавана, што дополнително ги засилува безбедносните сомнежи во Вашингтон.

Непријателство од 1959 година

Односите меѓу Куба и САД се затегнати уште од Кубанската револуција во 1959 година. За време на мандатот на Доналд Трамп, тензиите дополнително се зголемија по воведувањето нови санкции и економски мерки против Хавана.

Поврзани содржини