САД ЌЕ МУ ПРОДАДАТ НА ТАЈВАН ОРУЖЈЕ ВО ВРЕДНОСТ ОД 14 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ? Трамп смета дека тоа е одлична алатка за притисок врз Кина

Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес. Истовремено, во интервју за Фокс њуз Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност од Кина.

2

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА.

Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција.






„Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. „Искрено, тоа е многу добра преговарачка алатка за нас. Тоа е многу оружје“, рече тој.

Трамп претходно, во авион на враќање од Пекинг за САД, изјави дека одлуката ќе ја донесе во блиска иднина. Тој, додаде, дека за ова прашање прво мора да разговара со Тајван.

Американскиот Конгрес однапред го одобри најновиот договор за оружје со Тајван во јануари 2025 година.

Кина ги отфрла таквите продажби на оружје затоа што Тајван го смета за свој неделив дел, иако оваа островска република има независна и демократска влада.

Истовремено, во интервју за Фокс њуз Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност од Кина.

„Не сакам никој да прогласува независност – вели Трамп во интервју за американската телевизиска мрежа по враќањето од самитот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

На летот за Вашингтон, Трамп рекол дека Си многу зборувал за Тајван, но тој не сакал да одговори на прашањето дали САД ќе го бранат островот кој Кина го смета за своја одметната покраина и не ја исклучува употребата на сила да го поврати суверенитетот.

Трамп рече дека политиката на САД во овој поглед не се менува. На прашањето дали може да замисли конфликт со Кина околу Тајван, Трамп рече: „Не, мислам дека не. Мислам дека сè ќе биде во ред. (Си) не сака војна“.

– Знаете, би требало да се патува 15.000 километри и да се војува. Не го сакам тоа. Сакам да се оладат. Сакам Кина да се олади – рече американскиот претседател.

Прашањето е „многу важно“ за Си и „тој не сака никакво движење за независност“, рекол Трамп.

За време на посетата, кинескиот претседател изјави дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД.

– Доколку со него не се упавува добро, двете земји би можеле да се конфронтираат, па дури и да се судрат – рече Си на самитот, цитиран од кинеските медиуми.

Поврзани содржини