ЌЕ СЕ КАЗНУВА И КОГА РОДИТЕЛОТ НА НАСИЛНО ДЕТЕ ОДБИВА СОРАБОТКА Јаневска најави глоба од 250 евра за насилно дело

Министерката за образование Весна Јаневска најави законски измени со кои родителите ќе бидат казнувани ако нивните деца вршат насилство. Санкции ќе има и за родители кои одбиваат соработка со училиштата и институциите.

73

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени.

– Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Мислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.






Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откога во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство, од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.

Поврзани содржини