„МАЈКА МИ Е БРЕМЕНА ОД ТАТКОТО НА ЈАМАЛ“ Пејач ја шокираше Шпанија

Контроверзниот шпански пејач Омар Монтес предизвика лавина реакции со изјава дека неговата мајка е бремена од таткото на Ламин Јамал. Дел од јавноста смета дека станува збор за шега и провокација, додека други бараат објаснување.

78

Шпанскиот пејач Омар Монтес повторно се најде во центарот на вниманието откако објави дека неговата мајка е бремена од таткото на фудбалската ѕвезда Ламин Јамал.

Изјавата веднаш предизвика бура реакции на социјалните мрежи и отвори бројни прашања дали станува збор за шега, провокација или сериозна порака. Многумина потсетија дека Монтес со години е познат по контроверзни настапи и необични изјави.

Дел од корисниците на мрежите оценуваат дека ова е уште еден обид за привлекување внимание. Други, пак, чекаат реакција од семејството на Ламин Јамал или од самиот фудбалер.

Младиот ас на Барселона последните месеци е под огромен медиумски фокус поради фантастичните настапи и растечката популарност. Поради тоа, речиси секоја приказна поврзана со неговото име брзо станува тема во шпанските медиуми и на социјалните мрежи.

Засега нема никаква потврда за тврдењето на Омар Монтес, ниту коментар од семејството на Јамал. Но едно е сигурно, пејачот повторно успеа да стане главна тема на интернет.

Поврзани содржини