БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЌЕ БИДЕ ПОВИКАН НА РАЗГОВОР Изјавата „северномакедонски“ на Чамова ќе добие силна реакција од МНР

Жељаско Радуков ќе биде повикан во МНР како реакција на изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова. Петрова Чамова вчера во Брисел, во краток разговор со својот македонски колега, го употреби терминот северномакедонски.

2

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе го повика бугарскиот амбасадор како реакција за изјавата на шефицата на бугарската дипломатија која го искористи терминот  „северномакедоски“.

Жељаско Радуков ќе биде повикан како реакција на изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова. Петрова Чамова вчера во Брисел, во краток разговор со својот македонски колега, го употреби терминот северномакедонски.

Министерот реагираше, велјеќи дека користењето на терминот е неточно и несоодветно.

– Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата прецизноста не е формалност, туку одраз на почит – реагираше министерот Муцунски во врска со изјавата на Чамова на социјалните мрежи .

Чамова, пак, порача дека имала добра средба на која повторила дека на Македонија ѝ се потребни уставни измени за продолжување на патот кон ЕУ.

Поврзани содржини