НА СОПРУГОТ МУ ЗАБИЛА НОГАРКА ОД СТОЛ ВО СРЦЕТО Се вратил да ја чува болната сопруга иако биле разведени
Соседите додаваат дека жената и претходно правела инциденти и дека еднаш била хоспитализирана поради психички проблеми.
Брутално убиство ја потресе белградската населба Чукарица, откако М.П. (67) утрово го лишила од живот својот сопруг З.П. (76). Според првичните информации, злосторството било извршено на исклучително свиреп начин.
Се сомнева дека жената го убила сопругот забивајќи му ногарка од стол директно во срцето. Полицијата го пронашла предметот со кој е извршено делото и тој е пратен на вештачење.
Ова не бил прв инцидент во семејството. Медиумите пишуваат дека осомничената и минатата година го бркала сопругот со нож низ станот, а при полициската интервенција, ги нападнала и службените лица.
Според сведоштвата на станарите, парот имал долгогодишни проблеми. Иако биле разведени, сопругот се вратил за да се грижи за неа откако таа излегла од болница. Соседите додаваат дека жената и претходно правела инциденти и дека еднаш била хоспитализирана поради психички проблеми.
Жената била изнесена од станот на носила.
– Еден полицаец одеше пред носилата, а друг позади. Додека ја внесуваа во возилото на Брзата помош, полицајците стоеја до неа. Жената беше во исклучително лоша психичка состојба, па затоа така беше изнесена од станот. Прво ќе биде однесена на лекар за да ѝ се укаже соодветна медицинска помош, а кога нејзината состојба ќе го дозволи тоа, ќе биде префрлена во притвор и на сослушување – пишуваат српските медиуми.