📽️ ПОСЛЕДНА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КУЧЕВО – ОХРИД Наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат

Изградбата на овој автопат почна во мај 2014 година по што следеа бројни пролонгирања и дополнителни трошоци.

107

Градежните активности на автопатот Кулево – Охрид  влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.

„Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски.

Николоски  вчера соопшти дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде готов во првата половина на следната година.

Изградбата на овој автопат почна во мај 2014 година по што следеа бројни пролонгирања и дополнителни трошоци.

Во моментов се работи на преостанатите тунели, косини, клучки и безбедносна инфраструктура, а властите уверуваат дека проектот нема повторно да биде одложен.

 

Поврзани содржини