ТАЈНО ГО НАПАДНАЛЕ ИРАН И СТАНАЛЕ ИГРАЧ ВО ВОЈНАТА? Емиратите гаѓале рафинерија во април

„Волстрит журнал“ тврди дека Обединетите Арапски Емирати во април тајно нападнале иранска рафинерија на островот Лаван. Нападот, кој никогаш не бил официјално признаен, наводно го оттуркал Персискиот Залив во нова опасна ескалација.

170

Обединетите Арапски Емирати тајно извршиле воени напади врз Иран и со тоа од мета станале директен учесник во конфликтот, тврди „Волстрит журнал“.

Весникот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, објави дека нападот бил извршен врз рафинерија на иранскиот остров Лаван.

Пожар што горел со месеци

Нападот се случил на почетокот на април, во периодот кога американскиoт претседател Доналд Трамп зборувал за прекин на огнот по петнеделната воздушна кампања.

Според изворите, нападот предизвикал голем пожар.

Дел од капацитетот на рафинеријата со месеци останал надвор од употреба.

2.800 испукувања кон Заливот

Иран подоцна соопштил дека рафинеријата била погодена од „непријателски напад“.

Потоа започнале масовни ракетни и беспилотни напади врз ОАЕ и Кувајт. Според „Волстрит журнал“, Емиратите досега биле цел на повеќе од 2.800 ирански дронови и ракети.

Тоа е повеќе од која било друга држава во регионот, вклучително и Израел.

„Активен играч“

Емиратите досега јавно не признале дека стојат зад нападите.

Но, според весникот, со тој потег монархијата од Заливот практично влегла во војната како активен играч.

Поврзани содржини