45 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЌЕ ГЛАДУВААТ, АКО НЕ СЕ ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Работна група на ОН предупреди дека нема ѓубрива во клучниот момент за земјоделството
Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.
Работна група на Обединетите нации (ОН) предупреди дека светот се соочува со криза од масовно гладување доколку Ормускиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани.
Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и уреа, нормално минуваат низ овој теснец.
– Ни остануваат уште неколку недели за да спречиме она што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза. Проблемот е првенствено во времето на земјоделското производство. Сезоната на садење не може да чека – предупреди да Силва, нагласувајќи дека во некои африкански земји овие рокови истекуваат за неколку недели.
Освен во Африка, блокадата особено силно ќе ја погоди безбедноста на храната во Азија.
Експертите предупредуваат дека ширењето на кризата е само прашање на време.
– Ако наскоро не ја спречиме причината за кризата, ќе мора да се справиме со последиците исклучиво преку хуманитарна помош – заклучи да Силва.
Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.