БМВ ИЗЛЕТА НА ОБИКОЛНИЦАТА КАЈ МИРКОВЦИ Meѓу повредените и 3 деца

Тешка сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница кај клучката Мирковци, откако БМВ излетало од патот. Повредени се возачот, жена и тројца малолетници, а сите биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

266

Пет лица, меѓу кои и три деца, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница кај Мирковци, откако автомобил БМВ излетал од коловозот.

Несреќата била пријавена околу 18:40 часот.

„На обиколница на град Скопје, кај клучка Мирковци, патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од Кондово, излетало од коловозот“, соопшти МВР.

Во несреќата тешко бил повреден возачот, додека повреди добиле и неговите сопатници.

Според информациите од полицијата, повредени се 40-годишната С.Н. и тројца малолетници кои биле во возилото.

Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за состојбата на повредените.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Причините за излетувањето на возилото засега не се соопштени, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини