ШЕСТ ОСУМКАТНИЦИ ЌЕ СЕ СПУШТАТ ВО ЗЕМЈАТА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ АВТОПАТОТ КАЈ БОТУН Николоски вели дека тоа нема да спречи автопатот Кичево – Охрид да биде готов на почетокот на 2027 година

Во рамки на денешната обиколка на трасата на автопатот Охрид -Кичево, тие извршија увид и на клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба., а која е е во функција на изградбата на потенцијално новиот автопат кон Ќафасан.

195

Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист до првиот квартал 2027 година, а за  автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола рокот на изградба е до 2029 година, истакна вицепремиерот Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на целата траса на автопатот Охрид – Кичево.

-Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист, a тој е до првиот квартал 2027 година. Ќе го завршиме во тој рок и тој рок не беше зададен од нас, беше зададен од Владата која ништо не работеше и даваше само рокови. Во првиот квартал од следната година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Киечво. Во однос на трасата од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, рокот е 2029 година. Истиот рок е и за автопатот Прилеп – Битола со што таму очекуваме едната лента да биде готова првата половина од 2027 година”-изјави вицепремиерот Николоски.

Во рамки на денешната обиколка на трасата на автопатот Охрид -Кичево, тие извршија увид и на клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба.

– Од оваа клучка Требеништа треба да оди потенцијално новиот автопат кој треба да води од Требеништа до Ќафасан и изградбата на оваа клучка е во функција на изградбата на потенцијално новиот автопат.  Доколку успееме да најдеме согласност со УНЕСКО кои ќе имаат мисија во јуни, а ќе ги  презентираат извештаите во месец јули,  од тука ќе почнува новиот автопат, така да изградбата на оваа клучка е доказ дека сакаме да го градиме овој автопат, а лентата кај што сме сега е новата летна за ГП Ќафасан – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека има два специфични делови, едниот дел од над Кичево до влезот во тунелите кај Пресека и кај селото Ботун.

– Кај Пресека имаме стабилизација на косини преку Галерии- најмодерно инженерско решение што може да се најде во моментов. Паралелно со тоа можеби и најголемиот проблем е кај селото Ботун. За жал до крај на 2024 година не биле изведени геотехнички истражувања. Тие истражување кои што ги направивме ние, ни дадоа дека се работи за земјиште со лош квалитет за голем инфраструктурен проект со многу вода и песоклив терен и за да се заштити тој терен ќе се изградат шест објекти кои влегуваат длабоко во земја до 21 метар или колку една осумкатница, односно сликовито кажано шест осумкатници ќе спуштиме во земја за да го заштитиме земјиштето- рече Николоски.

Поврзани содржини