СДСМ И ФИЛИПЧЕ ДА РАБОТАТ ЗА МАКЕДОНИЈА, ДА НЕ КОДОШАТ ЗА БУГАРИЈА Манасиевски ги повика да се вразумат
СДСМ и Венко Филипче треба повеќе да работат за Македонија отколку да кодошат во Бугарија, порача Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
– СДС и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии. СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации. Затоа, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов настап вели дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања. Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат само Венко Филипче и оние лојалистите на Зоран Заев, поставени лично од него во партиските структури на СДС. Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат – вели Манасиевски.
Според него, тоа што Заев го започна, Филипче нема никаков проблем да го заврши.
Тој ги повикува СДСМ и Филипче, конечно да се вразумат и да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство.