НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ОБЈАВИ ТЕНДЕРОТ ЗА ГАСНОТО ПОВРЗУВАЊЕ СО СРБИЈА Мицкоски очекува гасоводот кон Грција да биде завршен во првата половина на следната година

Премиерот вели дека изградбата на коридорите 8 и 10 се важни стратегиски проекти кои ќе ја направат Македонија регионален хаб.

57

Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани.

– Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Прилично  се гради гасоводот со грција.Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб – рече Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу бргу ќе може да биде пуштен преостаниот дел од  автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина од следната година.

На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“, се работи на 11 километри од предвидените 31.

Поврзани содржини