„УБЕДЕТЕ 27 ЧЛЕНКИ ЗА ДА СТАНЕТЕ КАНДИДАТ“ Ладен туш од Брисел за Косово

Премиерот на Косово на прославата по повод Денот на Европа побара отворање преговори со Европската Унија. Брисел возврати дека Косово мора да исполни услови и да обезбеди согласност од сите 27 членки на Унијата.

289

Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може автоматски да добие статус на кандидат за ЕУ ​​и дека мора да ги убеди сите 27 земји-членки.

Таа одговори на изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти, кој на прославата по повод Денот на Европа во Приштина побара од ЕУ да му додели статус на кандидат за Косово и да отвори преговори за прием во членство.

– За Косово, ЕУ не е далечна реалност, ниту збир стандарди што треба да се исполнат. Таа е природен дом на нашето општество, рамката на нашите реформи и иднината на нашите граѓани, која веќе е избрана. Повеќе од 80 проценти од нашите граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, што е едно од највисоките нивоа на поддршка насекаде во Европа – рече Курти.

Палатова, покрај констатацијата дека Брисел не може едноставно да додели статус на кандидат, изјави дека уште едни парламентарни избори, кои ќе се одржат во Косово точно еден месец од сега, повторно треба да бидат слободни, фер и инклузивни.

Поврзани содржини