НАЈНАСЕЛЕНИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ МОЖE ДА ОСТАНАТ БЕЗ МУНДИЈАЛ Кина и Индија уште се без ТВ-договор со ФИФА

ФИФА сè уште не успева да ги продаде ТВ-правата за Светското првенство во двете најнаселени држави во светот. Преговорите со телевизиските куќи во Кина и во Индија се во застој поради високите финансиски барања.

62

Милијарди луѓе би можеле да останат без телевизиски преноси од Светското првенство. ФИФА сè уште нема договор за ТВ-правата во Кина и во Индија, двете најнаселени држави во светот.

Преговорите со телевизиските куќи се во застој. Според светските медиуми, главна причина се високите финансиски барања на ФИФА.

ФИФА бара повеќе пари?

Светската фудбалска федерација сака максимална заработка од својот најголем производ. Но телевизиските компании засега не ги прифаќаат условите.

ТВ-правата во Кина и во Индија сè уште не се продадени на официјални канали.

Крикетот го турка фудбалот во сенка

Во Индија интересот за Мундијалот не е на нивото што го очекувале во ФИФА.

Главен спорт во земјата останува крикетот. Тоа директно влијае и врз вредноста на телевизиските права.

Ризик за глобалниот бренд?

Проблемот со Кина има и поширока димензија. Светските медиуми предупредуваат дека ФИФА ризикува да ја ослаби стратегијата за глобално ширење на фудбалот.

Без договор со двете азиски сили, организацијата може да остане без огромен пазар и милионска публика.

Мундијал без најголемата публика?

Кина и Индија заедно имаат речиси 3 милијарди жители. Затоа евентуален прекин на преговорите би бил сериозен удар за телевизиската гледаност и маркетинг-плановите на ФИФА.

Засега нема информации кога разговорите би можеле да продолжат.

 

Поврзани содржини