ДИПЛОМАТА ОД 2016 ГОДИНА, АМА ИМА ПЕЧАТ СО „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“!? Дали Славјански универзитет е фатен во наивен фалсификат?
Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици - рече министерката Јаневска.
Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ системи, од еден предмет на четири ЕКТ системи признаени два со по седум ЕКТ кредити и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство.
– Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици, додаде Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“.