ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА БИЈОНСЕ Пејачката се појави на најголемиот моден настан после пауза од 10 години

Во духот на темата на годинешната Мет Гала - „Fashion is Art“, изгледот на Бијонсе беше далеку од класичен гламур. Наместо тоа, таа се појави во драматична креација што повеќе наликуваше на сценографија, отколку на фустан.

122

Кога станува збор за големи модни моменти, Бијонсе речиси никогаш не игра без концепт. Нејзиното појавување на Мет Гала повторно ја потврди таа репутација – како внимателно изграден спој меѓу мода, уметност и сценски перформанс.

Во духот на темата „Fashion is Art“, Бијонсе се појави во креација што повеќе наликуваше на скулптурална конструкција околу телото, отколку на класичен фустан.

Корсетот, како централен елемент, овде не е само моден детал, туку структура што го гради телото – речиси како архитектура што се носи на кожа.

Она што го прави овој изглед впечатлив е начинот на кој се третира телото: не како нешто што носи облека, туку како површина што ја носи уметноста.

Слоевите, формите и линиите создаваат впечаток дека фустанот се „гради“ околу неа – како жива скулптура што постојано се менува со движењето.

Во контекст на настанот каде модата се чита како уметност, изгледот на Бијонсе не бара да биде разбиран буквално – туку да биде доживеан како визуелна изјава за моќ, контрола и естетика.

Како една од ко-претседавачите на вечерта, нејзиното враќање (заедно со семејството) на скалите на Метрополитен музејот беше долго очекувано и многу коментирано. Таа не била на Мет Гала од 2016 година. За големата вечер, која вклучуваше говори и изненадувачки настапи од Стефани Ники и Сабрина Карпентер, Бијонсе знаеше дека еден аутфит нема да биде доволен. Наместо тоа, со стилистот Тај Хантер подготви две сосема различни, но тематски поврзани креации.

Сè започна со тесно прилепен фустан: база од ткаенина во боја на кожа која беше украсена со дијамантска „скелетна“ структура која се спушташе до самите прсти. Некои фанови, ова ги потсети на сјајниот фустан што ѕвездата го носеше во 2003 година на добротворен концерт за Фондацијата на Нелсон Мандела.

Совршено одговарајќи на дрес-кодот „Fashion is Art“, изгледот ја смести Бијонсе на листата на најдобро облечени на „Vogue“.

– Ова е дизајн на Оливие Рустен, некој кој ми е многу лојален и со кого имам создадено многу култни изгледи – изјави таа по искачувањето на скалите. Над фустанот носеше наметка од пердуви со долга опашка, за која беа потребни пет луѓе за да ја носат.

– Чувството е нереално, бидејќи ќерка ми е тука. Возбудена сум што ќе го доживеам ова преку нејзините очи – изјави Бијонсе за враќањето на Мет Гала.

Таа додаде дека ѝ се допаѓа темата на вечерта и славењето на сите типови тела: „бујни, облини, слаби – славење на сè што ни е дадено од Бога“.

Откако влезе во Метрополитен музејот, Бијонсе го започна вториот дел од вечерта: црно-беж кристализирана „тромп-л’ој“ сирена фустан од лондонскиот дизајнер Роберт Вун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SWAROVSKI (@swarovski)

Можеби наскоро ќе имаме и нешто ново за славење. Шпекулациите околу нејзиното појавување сугерираа дека ова е најава за долгоочекуваниот „Акт III“, за кој се шпекулира дека ќе биде рок-албум. Овој панк-изглед само дополнително ги засили тие претпоставки. (И нејзината необична активност на социјалните мрежи – објави, архивски референци – оди во прилог на тоа.)

Поврзани содржини