ВРЕДИ ПРЕД ОБЕДИНУВАЊЕ КАКО ВТОРА ПОЛИТИЧКА СИЛА „Владиното мнозинство може само да расте“
Коалицијата ВРЕДИ информира дека е во завршна фаза на обединување во единствена партија и дека со тоа се зацврстува како втора политичка сила во Македонија. ВРЕДИ вели дека владиното мнозинство е стабилно и може само да расте.
ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Македонија.
Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ВРЕДИ освои 10 општини, односно околу 80% од општините со доминантно албанско население. Тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните. Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт.