4 НОВИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, 3 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ Велешанец ги нападнал партнерката и бебето

МВР регистрирало четири случаи за едно деноноќие. Еден од осомничените нападнал и сопруга и бебе.

97

Во изминатото деноноќие полицијата евидентирала четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода. Инцидентите се случиле во Охрид, Свети Николе и во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најтежок е случајот во Охрид. Маж од Велес, кој престојувал во градот, физички ја нападнал својата 21-годишна невенчана сопруга. Според пријавата, при нападот го удрил и нивното бебе.

Во Свети Николе, пак, 50-годишен маж ја нападнал сопругата во семејниот дом. При полициска проверка било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со 1,29 промили во крвта.

Во Скопје, 39-годишен маж физички ја нападнал сопругата, ѝ упатил закани и ѝ го оштетил мобилниот телефон.

Четвртиот случај е семеен конфликт во кој 26-годишна девојка ја нападнала својата мајка. Подоцна, според пријавата, таа била физички нападната од братот и од мајката.

По целосно документирање на сите случаи, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини