📽️ УКРАИНА ПОГОДИ 2 БРОДА ОД РУСКАТА ФЛОТА ВО СЕНКА „Нафтата ќе скокне на 120 долари ако продолжите“

Објавувајќи снимка од погодените руски бродови во Црното Море, претседателот на Украина порача дека вакви напади ќе продолжат со цел да се намалат приходите на Русија од енергенси. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, одговори дека цените на нафтата може да се зголемат со што Москва би заработила повеќе.

42
Украински поморски дронови онеспособиле два руски нафтени танкери во близина на пристаништето Новоросијск на Црното Море, соопшти претседателот на Украина Володимир Зеленски.Тој објави и снимка од нападот, наведувајќи дека погодените пловила припаѓале на руската „флота во сенка“ што се користи за транспорт на нафта.Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да ги развива своите капацитети за далекуметни удари по море, воздух и по копно.

Според украинските власти, целта на ваквите напади е да се намалат руските приходи од извоз на нафта, кои се клучни за финансирање на воените операции.

 

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска предупреди дека цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските нафтени објекти.

– Ако дополнителни количини од нашата нафта бидат отстранети од пазарот, цените ќе се зголемат уште повеќе од сегашните нивоа, кои веќе се над 120 долари за барел – рече Песков.

Во исто време, тој додаде дека тоа би значело дека дури и со „пониски количини на извоз“, руските компании би „заработувале повеќе пари, а Москва би добивала поголеми приходи“.

Енергенсите и горивата значително поскапеа на меѓународните пазари по почетокот на војната, која почна на Блискиот Исток со нападот на САД и Израел против Иран на 28 февруари.

Поврзани содржини