РАСTAT ПЛАТИТЕ И ИЗВОЗОТ ВО ИНДУСТРИСКИТЕ РАЗВОЈНИ ЗОНИ Димовски најави уште помош за компаниите кои ќе се приклучат

Просечната нето плата во ТИР зоните порасна за 6%, додека уплатите во буџетот надминале 6,3 милијарди денари, истакна директорот за ТИРЗ Гоце Димовски. Тој најавува нови инвестиции и стабилен раст велејќи дека државата им нуди помош и локација на компаниите кои ќе се приклучат во зоните.

116

Просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИР зоните за 2025 година е зголемена за 6% во однос на 2024 година, истакна директорот за дирекции на ТИРЗ, Гоце Димовски.

– Гледаме што им треба на компаниите. Им даваме државна помош, кои се бенефитите и зошто е добро да инвестираат. Очекуваме уште неколку компании да се приклучат на ТИРЗ. Да направиме поволна економска клима за сите. Им нудиме државна помош согласно позитивните законски постапки. Гледаме што им треба, и нудиме локација. Паралелно работиме на тој бизнис план и врз основа на тоа, им даваме пакет државна помош и со тие два пакети одиме на преговори – рече Димовски.

Компаниите од ТИР зоните во 2025 година уплатиле повеќе од 6,3 милијарди денари во Aна државата односно имаме раст од 10,5% поголеми уплати во буџетот на државата споредено со 2024 година, посочи Димовски.

Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за квартал 1 (К1) од 2026 година е зголемен за 11% во однос на К1 од 2025 година.

Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за 2025 година е зголемен за 6,5% во однос на 2024 година.

Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот на БДП во останатите земји од Европа е многу помал.

Дирекцијата за ТИРЗ во 2025 година заврши на високото 2-ро место во усогласеност со утврдените стандарди за имплементација на системот за интегритет согласно извештајот на ДКСК (Во 2023 година рангирани на 38-мо место, додека во 2024 година рангирани на 15-то место).

Она што во изминатата година и половина го работевме напорно со главна цел реструктуирање на економијата и консолидирање на институциите, денеска ги дава своите резултати!“, нагласи Димовски.

Димовски кажа дека бројките во компаниите од ТИРЗ зоните се позитивни, како од аспект колку уплаќаат во буџетот, и дека платите на вработените растат.

Во 2024 година уплати во буџет 5,7 милијарди денари, откако била доделена вкупна државна помош од околу 2 милијарди. Во 2025 година уплати во буџетот повеќе од 6,3 милијарди денари, а државна помош се исплатени околу 1 милијарда денари“, изјави Димовски.

Димовски рече дека нема најави за повлекување на компании од ТИРЗ. Истакна дека се случува компании да враќаат назад државна помош, откако се видело дека не работеле како што требаат.

Во однос на платите, Димовски кажа дека има раст на платите за 6% во однос на нето платата.

– Ако ја споредуваме 2025 година со 2024, сега имаме раст од 6% во однос на нето платата. Има раст на платите. Бројот на вработените e околу 18.000 и тоа е константна бројка, а очекуваме во 2026 година да има зголемување на вработените – изјави Димовски.

Поврзани содржини