ФИЛИПЧЕ БЕШЕ НА ВИКЕНД ВО РИМ ЗА ДЕНОТ НА ТРУДОТ Избега од прашања во Собранието, води лажна про-ЕУ агенда?
Филипче потврди дека реториката од типот 'се грижиме за граѓаните и работничките права' се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДСМ и Филипче“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека лидерот на СДСМ е спремен на сè под менторство на Заев, па дури и да води лажна проевропска агенда.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче прати социјал демократски поздрав од Рим, каде е на екстра продолжен викенд за Меѓународниот ден на трудот и уште еднаш реално покажа колку лажно е загрижен за работничките права и работниците, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до ј авноста.
„По бегството од седницата за пратенички прашања во Собранието и пропуштање на можноста од соочување, Филипче уште еднаш само потврди дека политичкиот туризам, личниот интерес и уживање му се приоритет пред граѓаните.
Филипче потврди дека реториката од типот ‘се грижиме за граѓаните и работничките права’ се косат со реалното политичко и приватно однесување и делување на раководството на СДСМ и Филипче“, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, доказ дека СДСМ и Венко Филипче не се доследни и немаат стартегија и план за сопствената партија и државата, е и фактот што Филипче, како што тврдат, „упорно се обидува да се продаде како единствен арбитер за европскиот пат додека нема црвени линии и е спремен на секакви отстапки само за да дојде на власт“.
СДСМ и Филипче се без концепт, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче тоне во сервилност без крај исто како и неговиот ментор Заев и е спремен да ги распродаде националните интереси само да ја зачува фотелјата на Бихачка.
СДСМ и Филипче само декларативно се залагаат за Европа, додека во пракса водат политика според приликите и личните лукративни цели на кланот Заеви и Венко Филипче.
За таа цел Филипче е спремен на сè, па затоа спинува изјави на европски пратеници вклучително и Томас Вајц кој јавно го демантираше, шири лаги за блокирани ИПАРД средства во обид да ги манипулира земјоделците и повторно беше јавно демантиран, бидејќи средствата се на располагање на земјоделците.
СДСМ и Филипче ниту се однесуваат, ниту делуваат проевропски. Декларативно се повикуваат на Европа додека се опкружени со криминалци, го поткопуваат демократскиот систем и работат спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.